Нотингем со лекција за Брендфорд, Челзи киксираше на домашен терен

31
FOTO NOTTINGAM FOREST FACEBOOK

На стартот на денешната програма во Премиер лигата, во рамките од првото коло од овогодинешниот шампионат, тимот на Нотингем го совлада Брендфорд со убедливи 3:1.

Домаќинот имаше супер прво полувреме во кое поведе со три гола разлика по што изходот на овој дуел веќе беше познат. На два пати Вуд и еднаш Ндоје му донесоа огромна и недостижна предност на домаќинот, за да во вториот дел, Тиаго на десетина минути до крајот на мечот ги постави конечните 3:1.

Од друга страна пак, светскиот клупски првак, тимот на Челзи одигра само 0:0 против тимот на Кристал Палас на домашен терен. И покрај иницијативата, и неколкуте ситуации пред противничкиот гол, домаќинот сепак, не успеа на стартот на сезоната да освои три бода.

 

ПретходноДефанзивецот на ПСЖ е нов член на тимот на Сандерленд
СледноАндре Силва ќе биде нов играч на Елче