Инцидент во Штип, нападнат млад играч на мечот Брегалница – Шкупи (ВИДЕО)

1978

Претпладнево во Штип, на еден од теренот каде што мечевите ги играат младинските катргории на Брегалница се случи тежок инцидент во кој има и уапсени лица.

Како што дознава Спортспорт, во еден момент на дуелот помеѓу екипите на Брњгалница и Шкупи од генерацијата 2009/10, дошло до инцидент во кој еден навивач од гостинската екипа, влетал на теренот и удрил играч на Брегалница. На видеозаписот кој што е сопственот на „Секојдневието во Штип“, јасно се гледа дека настанува тотален хаос, а на младиот играч му била укажана лекарска помош со возилото на Брза помош.

Потоа, според неофицијалните информации напаѓачот бил уапсен од страна на полицијата, и одведен во полициска станица.

Фудбалската Федерација на Македонија и раководните структури периодов изрично во речиси секоја своја изјава порачуваат дека честите инциденти на мечевите од младинските категории ќе бидат најстрого казнувани, и дека нема да се има милост за оние кои што тоа го прават. Едноставно младинскиот фудбал не може, не смее и нема да биде заложник на поединци кои што своите лични фрустрации и комплекси ќе ги лечат врз младите спортисти кои се обидуваат да ги исполнат своите соништа.ж

Во очекување сме на подетални официјални информации околу овој инцидент.

ПретходноНеверојатно: Премиерлигашите досега потрошиле 3 милијарди евра за трансфери!
СледноНи Меси, ни Кристијано: Мурињо откри кој е најдобриот фудбалер кој го гледал!