Исник Алими: За нас најважни се трите бода против Лихтенштајн

47

Македонската А репрезентација на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги продолжува подготовките за натпреварот против Лихтенштајн в недела на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Нашиот репрезентативец, Исник Алими смета дека трите бодови во квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн се најважни, сеедно дали е еден, три или 5:0 за нас. Фудбалерот од средниот ред вели дека се анализираат грешките од последниот контролен натпревар со Саудиска Арабија.

„Нормално, кога губиш не е добро. Саудиска Арабија е добар тим, а ние почнавме со неколкумина нови фудбалери во почетниот состав. Беше добар тест за нас, да видиме до каде сме и треба да анализираме што не беше добро за да не се повтори на следните натпревари. Сега секоја репрезентација е сериозна, но со Лихтанштајн ние треба да победиме, не е важно дали е 1:0, 3:0 или 5:0, најважно е бодовите да останат во Скопје. Тоа е целта за овој меч“. – изјави нашиот репрезентативец.

ПретходноПоранешната ѕвезда на Челзи потпишува за Гремио
СледноПелистер посилен за Петар Петковски