Матиќ: Доволно се одморивме и трениравме, време е за првенство

132

Екипата на Вардар сезонава има амбиции за двојна круна. Тоа го кажува не само однесувањето на екипата, начинот на кој што функвионира клубот, засилувањата кои летово пристигнаа, и конечно, игрите и резултаттие кои што Вардар ги постигнува.

По репрезентативната пауза Вардар на свој терен ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП. Локалното дерби е на менито, со напомена дека Вардар во моментов е на врвот на табелата со 10 бода, додека пак Македонија ЃП по три порази во серија конечно пред паузата успеа да обезбеди бодови и да се помрдне од „мртва“ точка.

„Конечно се враќа првенството по репрезенаттивната пауза. Доста одмор што се вели. Се ресетиравме, трениравме добро, и време е за првенсрво. Вечерва не очекува тежок натпревар, затоа што не само Македонија ЃП, туку секој што доаѓа на Арената сака да го победи Вардар. Сите се мотивирани на максимум. Ние го знаеме тоа, и нас тоа не мотивира уште повеќе. Немаме намера на домашен терен да правиме веќе киксеви. Три бода и продолжување на позитивната серија“ – ни изјави Мислав Матиќ.

ПретходноГолманот на Е. Пелистер повторно се повреди
СледноЛина влезе и во полуфиналето на турнирот во Романија