Скопје е покриено во магла, а воздухот во овој момент низ целиот град е загаден. Сепак после големиот пожар во Трубарево на удар се сите околни места, па и Хиподром, базата на Вардар.
После препораките на надлежните ограни да се евакуираат сите што се во близина на жариштето на пожарот поради хосот со воздухот, „црвено-црните“ заминуваат во Охрид и таму ќе се подготвуваат за претстојниот дуел со Арсими во рамките на 6. коло во ПМФЛ.
Тренерот Гоце Седлоски го одложи утринскиот тренинг, тој и целата екипа заминуваат попладне.