УО на ФФМ одлучи: Македонија – Казахстан за 400 и 300 денари

130

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

– У.О. на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот помеѓу А репрезентациите на Македонија и Казахстан од квалификациите за СП 2026. Цените на влезниците изнесуваат 300,00 денари за западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 400,00 денари е цена на билет за јужна трибина (блок 1, 2, 5 и 6) и северна трибина (блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24). 500,00 денари е цена на влезница од Прва категорија, северна трибина (блок 21 и 23) и јужна трибина (блок 3 и 4);

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.

Натпреварот Македонија – Казахстан од 6. коло во групата за пласман на СП 2026 ќе се одигра на 13. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

– У.О. на ФФМ  донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот помеѓу  репрезентациите до 21 година на Македонија и Ерменија од квалификациите за ЕП 2027. Цена на влезница изнесува 200,00 денари.

Натпреварот Македонија – Ерменија од 3. коло во групата за пласман на ЕП 2027 ќе се одигра на 10. октомври на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

– У.О. на ФФМ донесе одлука со која ги усвои Пропозициите за натпреварување во Детски фудбал за натпреварувачката 2025/26 година;

– У.О. на ФФМ донесе одлука за распределба на средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од Прва женска фудбалска лига за натпреварувачката сезона 2024/25. Клубовите, ЖФК Скопје 2014, ЖФК СС Истатов 2015, ЖФК АСС Јунајтед, ЖФК Тиверија Брера, ЖФК Речица, ЖФК Топ Гол, ЖФК Атлетико и ЖФК Каменица Саса кои се натпреваруваа во Прва ЖФЛ во ланската сезона ќе добијат по 10.500,00 евра.

– Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, ги информираше членовите на Управниот одбор за актуелната состојба со изградбата на западната трибина на Градскиот стадион во Штип. Според претходно договорена динамика, конечниот рок за завршување на сите градежни работи и за техничкиот прием беше предвиден за 31 јули 2025 година. Минатата седмица стадионот го посети инспекција од УЕФА. По приемот на официјалниот извештај од претставниците на УЕФА, Управниот одбор на ФФМ ќе донесе соодветна одлука и ќе утврди кои понатамошни постапки и легитимни чекори ќе бидат преземени.

ПретходноБилетите за ОИ во Лос Анџелес се наскоро во продажба: Почетните цени се многу ниски!
СледноПелистер и Реџо Емилија го најавија дуелот во Самоков (ВИДЕО)