Вечерва во Битола во првиот меч од 4.коло во нашата ракометна Суперлига, РК Пелистер со 45:24 успеа да дојде до убедлива победа против составот на Струга.
Ова беше и трета победа на битолчани, со која барем до утре, избија на чело на табелата со 7 бодови.
Во почетната фаза од средбата гостите не се предадоа така лесно иако против себе имаа апсолутен фаворит за победа. На крајот по првото полувреме резултатот беше 20:16, очигледно беше дека домашните се „загреваа“.
Сепак во второто поплувреме Пелистер заигра далеку подобро и пред се посриозно и успеа да дојде до убедлива победа од + 21 разлика.
Ова за Струга беше четврти пораз во исто толку натпревар сезонава.
Кај победничкиот состав Хакбарт и Петар Атанасијевиќ постигнаа по осум голови, додека Павле Атанасијевиќ и Калаџиоски по седум.