Барди: Секоја чест за Столе, посакувам да ги издржи сите овие неправди во Валенсија

661

Македонската фудбалска репрезентација продолжува да сонува за Светското првенство 2026 година. Избраниците на Боби Милевски останаа непоразени и по шестото коло, откако на гости кај Белгија одиграа 0-0 и освоија нов бод за одбрана на врвот. Нашата репрезентација сега има 12 бода, еден повеќе од Белгија, два од Велс.

„Ова беше можеби еден од најтешките натпревари за мене и за сите нас во последниве неколку години. Одигравме борбено и со срце, бевме одлично поставени и заслужено дојдовме до бодот. Секоја чест на одбраната и на Столе. Покажаа навистина срце и храброст, и беа столбот на овој успех. Може да му честитам на Столе и посакам да ги издржи сите овие неправди кои се случуваат во Валенсија затоа што навистина заслужува да биде прв голман во Валенсија. И верувам со ваквите изданија во репрезентација ќе видат тие во клубот дека грешат“, изјави Барди. 

Следен противник на Македонија е селекцијата на Казахстан, мечот се игра во Скопје на 13 октомври.

„Сега ни следи дуелот со Казахстан. Носиме некој позитивен притисок пред тој меч, но играме дома пред нашите навивачи и тоа ни е дополнителна сила и мотив за да дојдеме до победа. Очекуваме силна поддршка од трибините и со целата нивна поддршка да дојдеме до три бода за задржување на првото место во групата“.

ПретходноПеп со пофалби за еден тим: „Начинот на кој играат е, за мене, восхитувачки“
СледноМанчестер Јунајтед веќе размислува за разделба со една од најголемите ѕвезди