Студен туш за Левандовски: Барселона одлучи да се раздели од две причини

242
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Барселона успеа во летото 2022 година да го убеди Роберт Левандовски да замине од Баерн Минхен и да го засили тимот во момент кога клубот немаше многу да понуди. Но, само две години подоцна, Каталонците донеле одлука дека е време за разделба со полскиот голгетер.

Иако Левандовски и понатаму е еден од најдобрите напаѓачи на светот и бележи солидни бројки, раководството на Барселона му ја свртело грбот од две причини. Првата се неговите години – има 37, и оваа сезона сè почесто се соочува со ситни повреди и престои на клупата. Втората причина се навивачите, кои му го свртеа грбот по поразот од Севиља (4:1).

Тогаш, Полјакот промаши пенал на бизарен начин. Навивачите веднаш го исвиркаа, а критиките продолжија и на социјалните мрежи – јасен сигнал и за управата дека трпението е при крај.

Поради тоа, сè е поизвесно дека Барселона нема да му понуди нов договор, и дека Левандовски ќе го напушти клубот како слободен играч следното лето. Тоа индиректно го потврди и спортскиот директор Деко, кој истакна дека „деветката не е приоритет“.

„Не разговараме за нови договори во октомври. Одиме чекор по чекор. Роберт е еден од најдобрите напаѓачи во последните години, играч од врвна класа, многу ни помогна. Постигна повеќе од 40 голови, но ќе го анализираме сето тоа. Сега е време да зборуваме за враќањето на повредените играчи,“ изјави Деко.

Каталонските медиуми шпекулираат дека Барселона летово ќе се обиде да го доведе Ерлинг Халанд или Хулијан Алварез, додека останува да се види дали Левандовски ќе успее да ја одржи својата форма и на 37 години.

Оваа сезона полскиот ас има четири гола на седум натпревари во Ла Лига, а без погодок е во Лигата на шампионите по два одиграни меча.

ПретходноЈокиќ ги шокираше коментаторите со својот потег: „О, боже“
СледноБитола е на нозе, Барселона за првпат ќе гостува во градот на конзулите