Човекот кој беше автор на оној луд и неверојатен трејд на Лука Дончиќ од Далас во ЛА Лејкерс, доби отказ. Далас Маверикс официјално го објавија заминувањето на Нико Харисон од функцијата генерален менаџер. Мајкл Финли и Мет Ричарди ќе бидат заеднички генерални менаџери.
Како што објави НБА инсајдерот Шамс Чаранија, сопственикот на Далас, Патрик Думонт, го отпушти генералниот менаџер Нико Харисон, по сите проблеми кој овој човек ги направи за франшизата, особено по тоа што го испрати најдобриот кошаркар на тимот Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс за да го донесе Ентони Дејвис.
Харисон стана поларизирачка фигура меѓу навивачите на „Маверикс“. Потегот со кој се уништи камен-темелникот на франшизата предизвика жестоки реакции и месеци скандирања „Отпуштете го Нико!“, кои продолжија и оваа сезона. Тензијата толку се зголеми што „Мавс“ додадоа преносни скали во близина на клупите во „Американ ерлајнс центар“ за да му дозволат на Харисон безбедно да го напушти своето седиште покрај теренот, без да поминува низ публиката.










