Бајчетиќ повторно е опција за Србија

54

По којзнае кој пат во јавноста во Србија се шпекулира околу Стефан Бајчетиќ. Играчот на Ливерпул настапуваше за младинските категории на Шпанија, каде што е и роден, и првично одлучи дека ќе бидел дел од „Фуријата“ и на сениорско ниво.

Сепак, нештата во неговата кариера не одат така лесно. Тој дебитираше кај Јирген Клоп во дресот на Ливерпул, но кај Арне Слот нема место за него. Одеше на позајмици во Ред Бул и во Лас Палмас, а се очекува овој јануари дефинитивно да заврши со Ливерпул.

Сето ова значи дека тој во моментов е далеку од дресот на Шпанија, каде што конкуренцијата е страшна. Тука Србија повторно ја гледа својата шанса, доколку повеќе што новиот селектор Вељко Пауновиќ има силни релации во Шпанија каде што долго време играше.

Стефан Бајчетиќ инаку е син на Срѓан Бајчетиќ некогашниот фудбалер на Војводина и Звезда.

 

ПретходноСојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист на годината
СледноПред пет години: На денешен ден Пандев ја однесе Македонија на ЕП! (ВИДЕО)