Одбојкарките на Струмица жени по два порази во низа запишаа важна победа на гостувањето во Битола, кај Пелистер Волеј, 3:1, во шестото коло од Првата лига жени. Во натпреварот со многу пресврти кај струмичанки пресуди прволигашкото искуство кое им донесе можеби клучни гостински три бода во плеј-оф трката.
Девојките на Вардар ЕМ, исто така, стигнаа до победа која може да биде значајна за нив, со победата од 3:1 над градскиот ривал Фит Фан Волеј. Со овој триумф „црвено-црните“ влегоа во победничка низа во најсилното домашно женско друштво.
Лидерот Работнички Скопје и Наковски Волеј, кој со еден бод е зад него на табелата, држат позитивен ритам од самиот старт на сезоната и досега се непоразени во првенството. Токму поради тоа и нивниот меѓусебен дуел следната недела ќе биде во центарот на вниманието.
Последниот натпревар од шестото коло кај дамите, кое носи епитет дерби ќе се игра в понеделник во СЦ „Форца“ кога се соочуваат Газели Волеј и Јанта Волеј КВ.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ
- КОЛО
УСКАНА – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 0:3 (17:25, 14:25, 12:25)
ВАРДАР ЕМ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:1 (25:13, 21:25, 25:16, 25:23)
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА ЖЕНИ 1:3 (21:25, 23:25, 25:22, 12:25)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 3:0 (25:20, 25:18, 25:14)
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 17.11.2025 20:30ч.










