Само Трајковски од сегашниот состав играше во Кардиф пред 12 години!

53
ФОТО: FFM.MK

Вечерва Македонија по вторпат во својата историја ќе игра во Кардиф на гости кај Велс. Пред 12 години (11.10,2013), тогаш селекцијата ја предводеше Зоран Стратев, бевме поразени со 1:0, со голот на Чрч во 67.минута.

Интересно, од сегапниот состав на Македонија, тогаш во Кардиф настапил само Александар Трајковски кој влегол во игра во 80.минута на местото на Мирко Ивановски.

Давид Бабунски бил во записникот, но не добил минутажа.

На тој меч настапија и нашите легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новеск, кои сега се во структурите на ФФМ и како такви се дел од нашта експедиција во Кардиф.

Да посакаме само да не се повтори тој пораз, Македонија и со реми ќе биде задоволна и со реми ќе завршиме како втори во групата и ќе имаме “полесен“ ривал во баражот.

ПретходноДенеска Виена е главен град на БиХ! Лудо ќе биде и на “Хемпден Парк“ во Глазгов! (ВИДЕО)
СледноНАПРЕД МАКЕДОНИЈА: Со стил да се завршат квалификациите за полесен бараж!