Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров постигна вистински евро гол во победата на неговиот тим Црвена Звезда против тимот на Ушче.
Во 18. минута од дуелот Звезда изведе корнер, а нашиот интернационалец од преку дваесетина метри „распали“ по топката и го постигна еден од најубавите погодоци во досегашната негова кариера.
Гаштаров инаку е стандарден член на нашата У21 репрезентација.










