Беше тренер на 5.коло сезонава, еве и сега на ова 14.коло. Јасно е дека немаше никакви дилеми дека Вилдан Салиу е тренерот на колото ако се знае дека неговиот Арсими со 3:0 славеше против Шкендија. Тетовци кои се актеулни шампиони одамна не доживеале таков пораз, а кога ќе се победи една таква екипа како Шкендија, тогаш голем дел од заслугите одат на адреса и на тренерот, а тоа секако дека е токму Салиу.
И дефинитивно Салиу од Арсими направи тим за респект. Колку за потсетување дека тој против Шкендија оваа сезона одиграл два меча и има една победа и едно реми и тоа без примен гол.
Секоја чест.















