Комитска песна која допира срце….. како феникс од пепелта до врвот (ВИДЕО)

496

Денеска Вардар во рамките од претпоследното коло од есенскиот дел од ПМФЛ шампионатот, на свој терен на комплексот Петар Милошевски во Скопје, со високи и убедливи 6:1 го совлада градскиот ривал Шкупи.
Меч во кој тоталната доминација на домаќинот беше наградена од полните трибини на комплексот во населбата Ново Лисиче.

Популарните Комити направија вистинска фешта денеска, што со кореографија што со сценскиот настап кој што е лекција за многумина како се бодри сопствениот клуб.

Оние кои што долго време стоеа на браникот на клубот, кога многумина се откажаа од него, денеска промовираа нова песна која ја одсликува борбата и страдањата на ФК Вардар во изминатиот период.

„Како феникс од пепелта до врвот“…. гласат дел од стиховите на Комити кои беспоштедно со години се бореа за својот омилен клуб… „повторно да биде прво место“… и успеаа во тоа.

 

 

 

 

ПретходноЕве како Норис уште денеска може да стане светски првак!
Следно„Бум – бум“ Лаутаро: Интер се измачи кај Пиза, ама освои три бода!