Српскиот ракометен сојуз поднесе жалба до Светската ракометна федерација (ИХФ) по натпреварот Србија – Фарски Острови. Првите луѓе побарале итен состанок бидејќи Србија беше драстично оштетена во последните десет секунди за непостоечка пасивна игра. Комисијата на ИХФ ја призна грубата грешка на судиите од Аргентина и ја прифати одговорноста. Овој дуел заврши без победник, а истиот беше од големо значење за нашиот северен сосед за четвртфинале.
Еден ден подоцна, од седиштето на Светската ракометна федерација пристигна одговор, а генералниот секретар на РСС, Иван Миливојевиќ, нагласи:
„Побаравме итен состанок на Судиската комисија, бидејќи пасивната игра што ја одигра Јована Јововиќ не беше според правилата на ракометот и дека бевме оштетени. Денес веднаш добивме одговор дека Комисијата се состанала и зазела официјален став дека Србија е оштетена и дека нашите наводи се точни. Ни е нанесена голема неправда. Верувам дека девојките ќе одиграат добра игра против Црна Гора и ќе обезбедат заслужено место во четвртфиналето. Апелираме судењето до крајот на Светското првенство да биде редовно и коректно, судиите да не смеат да влијаат на конечниот резултат, бидејќи ова е финале и борба за местото“.










