Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Третно за малку не успеаја да направат изненадување на гостувањето во Милано во мечот од новото коло од италијанското првенство. Милано славеше со 94:90 во дуелот со Тренто, меч во кој нашиот репрезентативец помина 21 минута на паркетот во кои успеа да запише 10 постигнати поени.
Јакимовски имаше и два скока, но очигледно не ја доби потребната минутажа, особено во финалниот дел од натпреварот. Ова беше шести пораз за Тренто во десетиот меч оваа сезона, поради што се најде во долниот дел од табелата.










