И официјално заврши есенскиот дел: Еве како изгледа табелата во ПМФЛ! (ФОТО)

151

Со фантастичниот меч меѓу Арсими и Пелистер (3:3), денеска заврши официјално есенскиот дел од сезоната 2025/26 во ПМФЛ, а со тоа заврши и фудбалската 2025 година во ПМФЛ.

Па така во очекување на стартот на пролетниот дел, во кој ќе се одиграат уште 17 кола, редно е да видимее како изгледа табелата, и вака ќе биде се до февруари за кога е закажан стартот на пролетната полусезона.

Вардар е есенски првак со 42 бода, 13 победи и 3 нерешени и без пораз. Втора е Струга ТЛ со 41 бод, додека Шкендија има 36 бодови. Јасно е дека иако има -6 бода во однос на Вардар, актуелниот шампион нема намера така лесно да се предаде во битката за тронот.

Шкупи со само еден бод е убедливо последен, додека Работнички, кој е најголемото разочарување, е претпоследен со 7 бодови, со само една победа.

Погледнете ја официјалната табела по 16.коло или последно есенско коло во ПМФЛ. No description available.

ПретходноЏенова со гостинска победа кај Удинезе!
СледноМиовски во тимот на колото во Шкотска! (ФОТО)