Дебитантот на Пеликанс влезе во историјата (ВИДЕО)

36
Фото: Њу Орлеанс Пеликанс

Американскиот центар и дебитант Дерик Квин го постигна првиот трипл-дабл во кариерата во поразот од Сан Антонио Спарс (135:132). Тој го заврши натпреварот со 33 поени, десет скока и десет асистенции. Додаде и четири блокади.

Квин влезе во друштво на Остин Ривс, Лука Дончиќ, Блејк Грифин и Стеф Кари, кои имале трипл-дабл со 30+ поени во дебитанската сезона.

На останатите средби Индијана го совлада Сакраменто со 116-105, а во поразениот тим, Расел Вестбрук направи трипл-дабл од 24 поени, 14 асистенции и 13 скока. Феникс со 108-105 славеше против Минеаполис, Ентони Едвардс уфрли 40 поени.

Оклахома Сити Тандер е во серија од 15 победи и имаат резултат од 23:1 победи и порази. Тандер се само третиот тим во историјата на НБА кој ја отворил сезоната со резултат од 23:1 заедно со Голден Стејт Вориорс од сезоната 2015/2016 (24-0) и Њујорк Никс од сезоната 1969/1970 (23:1).

Рекордната победничка серија му припаѓа на тимот на Лос Анџелес Лејкерс од сезоната 1971/72, која изнесуваше 33 натпревари. Тие ја завршија регуларната сезона со резултат од 69:13, а подоцна станаа шампиони.

ПретходноЛиста на стрелци во ПМФЛ: Мато и Компаоре се класа за себе!
СледноБарселона зимава ќе се ослободи од двајца фудбалери од првиот тим