Талентот на Гремио пристигна во Астон Вила

68

Премиерлигашот Астон Вила реализираше трансфер за кој што смета дека во години кои што претстојат ќе има сериозно позитивен ефект во игрите, резултатите, а можеби и финансиите на клубот.
Денеска во Бирмингем за новитет е промовиран досегашниот играч на бразилски Гремио, 19 годишниот Алисон, кој што важи за еден од најквалитетните играчи во Бразил во моментов и кој што е изразит напаѓач.

„Астон Вила со задоволство го објавува потпишувањето на 19. годишниот бразилец Алисон од Гремио. Алисон, млад напаѓач, е производ на академијата на клубот од Порто Алегре, каде што дебитираше во јули 2024 година. Алисон стана редовен стартер за Гремио, имајќи 34 лигашки настапи минатата сезона.“ – се вели во соопштението на клубот.

 

ПретходноРоналдо не успеа да постигне хет – трик во една календарска година за првпат од 2009!
СледноРакометната репрезентација на Македонија ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници (ВИДЕО)