Фудбалерот на Мец е повреден во големиот пожар во Кран – Монтана

84

Трагедијата која што се случи во ноќниот клуб „Ле Констелашн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што избувна пожар и каде што загинаа десетици туристи повреди и еден фудбалер. Во прашање е Тахирис Дос Сантос, 19. годишниот играч на тимот на француски Мец.

Во катастрофата засега загинаа најмалку 47 лица, а најмалку 115 се повредени. Младиот и талентиран фудбалер е дел од оние кои за жал не успеале на време да се спасат од огнената стихија и од чадот кој што истиот го предизвикал и е сериозно повреден.

Според „Екип“, младиот играч поминал неколку дена на одмор во планините со пријатели, престојувајќи во една од нивните колиби. Тој требало да продолжи со тренинзите во понеделник.

 

ПретходноЦиципас размислувал да се откаже од тенисот: Не можев да одам два дена
СледноВембањама не е тешко повреден