КК Пелистер се раздели со Вилсон и Прајс! (ФОТО)

45
ФОТО: КК Пелистер Битола/FB

Во новата 2026 година битолчани влегуаат без двајца американски кошаркари кои ги бранеа боите на КК Пелистер во првиот дел од сезоната.

Си-Џеј Вилсон и Остин Прајс, двајцата кошаркари задолжени за плејмејкерската и бековската линија повеќе не се дел од КК Пелистер.

Вилсон и Прајс одиграа добри натпревари во историскиот премиерен настап на Пелистер во европските натпреварувања на ФИБА, но во новата година тие повеќе нема да бидат дел клубот од Битола.

Како што нагласија од таборот на КК Пелистер, раководството на клубот им се заблагодарува на Си-Џеј и на Остин за професионализмот и посветеноста на тренинзите и на натпреварите.

Воедно, им посака многу среќа во нивните следни клупски ангажмани.

ПретходноВажно известување за „Фалангата“ во Хернинг!
СледноГоран Самарџиев со тренерски ангажман во Косово! (ФОТО)