Седлоски: На Вардар му се потребни 2-3 засилувања!

372

Стратегот на Вардар, Гоце Седлоски во пресрет на денешната контрола со Динамо Махачкала даде изјава за тоа како се одвиваат подготовките во Антаија. Шефот на струката на есенскиот првак не крие дека е задоволен:

Напорни се подготовките, едноставно тешки се играчите. На секој сакам да му дадам шанса, сега до нив е како ќе се покажат. На првите два меча им дадов шанса на сите. Денеска исто така ќе им дадам шанса на повеќето. Секој кој е тука сакам да му дадам шанса, можеби некој ќе екслодира и ќе се докаже. На последните два меча ќе се искристализира тимот кој ќе го понесе товарот за пролетниот дел“, вели Седлоски.

Тој имаше свој коментар и за трансферот на Мато во Хартс:

Мато експлодираше во дресот на Вардар, реши доста мечеви оваа сезона, добро играше и трансферот дојде. На таа позиција има 2-3 играчи и ќе видиме кој би го сменил. Исто така бараме уште 2-3 засилувања за да го освежиме тимот“.

ПретходноДенеска на ЕП 2026: Данска мора да победи со Германија!
СледноСпектакуларниот Ламине Јамал ги надмина Меси и Роналдо!