Вардар со пораз од Динамо Махачкала

266

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Тимот на Вардар во третиот пријателски дуел на подготовките во Сиде, Турција го забележа вториот пораз. По оној од Јаблонец на првиот дуел, денеска Вардар загуби и од тимот на Динамо Махачкала, членот на најсилната фудбалска конкуренција.

Конечниот резултат гласи 3:0, во дуел во кој реално мора да се признае дека противникот беше поквалитетен. Имаше повеќе шанси, а искористи три од нив, распределени во двете полувремиња.

По погодената пречка, во 19. Минута дефанзивецот Аларкон го доведе рускиот состав во водство.

Во 34. Минута по грешката во дефанзивата на Вардар, главниот судија на овој меч досуди пенал. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Гамид Агаларов.

Во  второто полувреме направени беа голем број на измени, а во составот на Вардар останаа само неколкумина Ќосевски, Јанкулов, Тодоровски, Омерагиќ…

Седлоски го промени грото од стартниот состав, по што шанса добија резервите…..слична ситуција и на спротивната страна, каде што во рускиот состав по 60. Минута не остана речиси ниту еден од стартните единасетмина. Димитар Тодоровски имаше обид за удар, но топката која одеше во голот беше изблокирана и истата замина во корнер.

Во последната делница од мечот, и немаше некои посебни возбудувања. Вардар се обидуваше да искомбинира на противничката половина без некој поголем успех, а и тимот на Динамо во 81. Минута по една мешаница пред голот на Вардар стигна и со 3:0. Стрелец Јан Џапо.

Следниот тест меч на Вардар е на 29 јануари против тимот на Агхмат Грозни, а се завршува на 2 фебруари против тимот на Алашкерт.

Вардар – Динамо Махачкала 0:3 (0:2)

Вардар: Ќосевски, Данев, Матиќ, Сенхор, Јанкулов, Оласебикан, Бабунски, Тодоровски, Закариќ, Спахиу, Омерагиќ

Играа уште: Мишковски, Најдовски, Босанчиќ, Талевски, Маневски, Пулеио, Митановски, Цветковски, Марковски

ПретходноОфицијално:Талески промовиран во Татабања!
СледноЛапорта со најава за трансфер на Халанд ќе ги “купува“ гласовите за нов мандат!