Пред почетокот на последните натпревари од главната рунда на Европското првенство, ЕХФ излезе со сите официјални сценарија кои водат до полуфинале за оние репрезентации кои имаат и намали шанси.
ГРУПА I
Данска се квалификуваше во полуфиналето
Германија: Ќе се квалификува во полуфиналето ако победи или заврши нерешено против Франција. Ќе игра натпревар за пласман 5/6 ако изгуби од Франција
Франција: Ќе се квалификува во полуфиналето ако победи против Германија.
Ќе игра натпревар за пласман 5/6 ако заврши нерешено против Германија.
ГРУПА II
Хрватска:
Се пласира во полуфиналето ако:
-
победи против Унгарија
-
одигра нерешено против Унгарија и Исланд или Шведска не победи
-
загуби од Унгарија и Исланд или Шведска загуби
Исланд:
Се пласира во полуфиналето ако:
-
победи против Словенија
-
одигра нерешено против Словенија и Шведска не победи
Шведска:
Се пласира во полуфиналето ако:
-
победи против Швајцарија и Исланд не победи
-
одигра нерешено против Швајцарија и Исланд загуби
-
победи против Швајцарија и Хрватска не победи
-
одигра нерешено против Швајцарија и Хрватска загуби
Словенија:
Се пласира во полуфиналето ако:
-
победи против Исланд и Шведска загуби
Швајцарија и Унгарија се надвор од трката за полуфиналето и за натпреварот за 5/6 место.










