Роџерс Мато и официјално дел од Хартс (ВИДЕО)

409

Шкотскиот премиерлигаш Хартс, и официјално пред десетина минути го промовираше Касим Роџерс Мато за свој играч. Шкотите преку социјалните мрежи се пофалија со репрезентативецот на Уганда, и сега веќе екс играч на Вардар со што и официјално завршува сагата околу напаѓачот која што се случи зимава.

Истата има среќен крај за сите, односно инволвираните страни кои што беа дел од овој процес, Вардар, Мато и Хартс, може слободно оваа операција да ја прогласат за успешна.

Поточно, Вардар официјално го позајмува Касим Роџерс Мато на Хартс до лето, кога и му истекува актуелниот договор на играчот со ФК Вардар, а за тоа добива адекватна финансиска компензација.
Од друга страна Мато заминува веднаш за Шкотска, и нема да има никакви проблеми повеќе од типот на евентуални суспензии што не се појави на подготовките на ФК Вардар иако имаше актуелен договор со клубот, а и сеуште го има.

Конечно, Хартс го добива играчот дсега и веднаш, и ќе се спаси од лавината на реакции кои што од тамошната јавност би ги имал клубот, ако се соочеше со евентуална суспензија на Мато од страна на Вардар што беше реална опција зимава.

 

ПретходноЛазаров: Имаме само уште една недела до стартот, работиме на техничко тактичка подготовка
СледноЈован Попзлатанов за уште посилен Работнички напролет