Христов: Попусто сработеното во Анталија, ако во првенството не сме како што треба

277

Тимот на Тиквеш денеска и официјално ги заврши пријателските мечеви на подготовките во Анталија. Завршниот дуел против тимот на Кизилкум од Узбекистан има конечен резулта од 0:0, што вели дека кавадарчани од Анталија си заминуваат без пораз.

„Добро е…. тврди, се знае какви се тие екипи од тој дел. Тврди, брзи, дуел игра. Сепак, шансите ги имавме ние. Промашивме неколку добри ситуации. Сепак, сум задоволен. Шанса добиваат сите играчи, стандардно за мојата работа. Добро поминуваме на подготовките. Задоволен сум. Трите меча ги одигравме на посакуваното ниво. Да видиме до каде сме и што сме. Се е џабе одработеното тука, доколку во шампионатот не сме како што треба. Што се однесува до странците полека се собира потребната документација за нивно регистрирање, и наскоро ќе бидат и промовирани“ – изјави за Спортспорт, тренерот на ГФК Тиквеш, Борче Христов.

 

ПретходноПСЖ со официјална информација за повредата на Кварацкелиа!
Следно„Маратонот“ против Синер е за Новак Ѓоковиќ