Навивачите на Исланд имаат големи проблеми да дојдат до билети за завршниот викенд на ЕХФ ЕУРО 2026, објавуваат тамошните медиуми (Handbolti.is). Тие не можат да ги бодрат своите фанови против Данска (вечерва, 20:30 часот) во второто полуфинале.
Официјални билети речиси и да нема, а она што повремено се појавува најчесто се нуди преку црниот пазар.
„Се обидовме да стапиме во контакт со шведските и хрватските навивачи, но од таа страна беа достапни само билети од црниот пазар. Не сакавме да ризикуваме. Сепак, изгледа дека Швеѓаните планираат да дојдат и да го поддржат Исланд“, велат фановите.
Тие велат дека начинот на дистрибуција на билетите е лошо поставен и неправеден кон репрезентациите кои до самиот крај не знаат дали ќе се пласираат на завршниот викенд.
„Ова е навистина скандалозно што ЕХФ не резервира четири агли од трибините за репрезентациите кои одат понатаму. За земјите кои однапред не можат да знаат дали воопшто ќе играат во завршницата“.
Дополнителна горчина, додава таа, предизвикува фактот што во салата често може да се видат и празни сектори.
„Лудо е што турнирот е вака организиран. Често аглите од трибините остануваат празни. Ние би можеле да дојдеме со три авиони — без проблем би наполниле три авиони. Затоа ова е сулудо решение и навистина ни е жал“, порачуваат.










