Искусниот Николче Шаркоски е нов член на тимот на Шкендија Арачиново. Крилниот напаѓач се сели во второлигашката конкуренција, и ќе му помогне на амбициозниот клуб од околината на Скопје да проба да ги оствари своите прволигашки амбиции.
Шкендија во моментов е второпласиран тим во ВМФЛ конкуренцијата со само бод заостанување зад лидерот Охрид.
Шаркоски од друга страна има големо прволигашко искуство од Победа, Вардар, Работнички, Академија Пандев…










