Страшно: Фудбалер убиен од својот брат!

118
ФОТО:Instagram/printscreen

Ужасни и страшни вести доаѓаат од Јужна Америка. Аргентинскиот фудбалер Лукас Игнасио Пирес (29) почина како последица од сериозни повреди здобиени во улична тепачка, а според локалните медиуми, неговиот брат е осомничен за неговата смрт. Трагичниот инцидент се случил за време на семеен конфликт кој, како што е наведено, од вербална расправија се претворил во физичка пресметка со фатален исход. Според достапните информации, Пирес бил нападнат со скршено шише, по што добил длабока рана на десната подлактица. Повредата наводно откинала артерија и предизвикала обилно крварење.
Нападот се случил минатиот петок навечер, на раскрсницата на улиците Раулијес и Алагон, каде што ескалирал конфликтот. Поранешниот фудбалер на аргентинскиот второлигаш Алмиранте Браун бил итно префрлен во болница, но лекарите, и покрај напорите, можеле само да го констатираат мртов.
Полицијата започна истрага за убиството, а потрагата по осомничениот е во тек.

ПретходноСерена направи конкретен чекор, дали се враќа на терените?