Последен ден за трансфери, пропадна шансата за Бојан Димоски и Вардар

582

Административни компликации го спречија враќањето на левиот бек Бојан Димовски во неговиот матичен клуб Вардар. Фудбалерот кој од рускиот тим Акрон Тољати беше на позајмица во Партизан и ТСЦ Бачка Топола, беше пикиран како одлична можност за засилување на лицерот на позицијата која остана тенка откако Михаил Маневски замина на операција.

Бојан Димовски кој има и репрезентативни настапи ќе беше супер засилување за Вардар но сепак можноста за нова позајмица не беше возможна па така тој останува да се бори за место во ТСЦ а Вардар да бара решенија од постоечкиот кадар за левата бековска позиција.

Вардар денеска игра со Арсими од 13 часот на ФФМ, а до полноќ во земјава трае и преодниот рок до кој клубовите имаат право да ангажираат нови фудбалери.

ПретходноСе бришат резултатите на Победа, Беласица најмногу добива
СледноФФМ во подкаст го најави новиот македонски репрезентативец (ВИДЕО)