Неверојатно: Во Скопје беше 3:4 за Брера, во Струмица 3:4 за Работнички!

266
ФОТО:facebook.com/fkakademijapandev

Попладнево во првиот меч од 19.коло во ПМФЛ, Работнички како гостин успеа да слави со 3:4 протоив составот на Брера. Ретко кој пред мечот можеше да очекува ваква голеада ако се знае на каков терен одиграа фудбалерите на двете екипи и посебно ако се знае од каква важност беше овој дуел.

Сепак, се постигнаа седум голови, гостите од Скопје остварија екстра важна победа. Стрелци на головите беа Тодоров два и Велков еден, а кај победничката екипа стрелци беа Езеб двапати, Мухарем и Манојлов.

Неверојатно е тоа што овие две екипи оваа сезона во меч од 8.коло, тогаш во есенската полусезона, одигран на Арената, исто така одиграа 3:4 и тогаш победија гостите, но тогаш гости беа фудбалерите на Брера.

Тогаш на тој 28 септември, головите за Работнички беа дело на Кадриу и два на Имери, а кај гостите Ндзенгуе беше стрелец на два гола, а по еднаш стрелаа Наумчевски и Михаилов.

Значи на два меча овие два тима постигнале вкупно 14 голови, а ќе играат уште еден меч и тоа во третиот круг.

ПретходноУбави вести за Флик и Барса: Гави им се врати на тренинзите!(ВИДЕО)
СледноПознати четвртфиналистите од Купот на ОФМ 2026 кај дамите