КУП 2026 – ЖЕНИ: Баскет кам во финалето, по шести пат по ред

26

Во првиот полуфинален натпревар на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција кој почна денеска во Македонска каменица, екипата на Баскет кам ја оправда фаворитската улога и излезе како победник против одлично мотивираниот и ангажиран соства на МЗТ Бела вода.

И по шести пат по ред, во последните шест години, ќе игра во натпреварот за трофејот во ова натпреварување.

Добар дел од првата четвртина МЗТ Бела вода ја имаше предноста на своја страна. Дури во деветтата минута, фаворитот поведе, со (19:17), но на истекот на првите десет минути девојките во „сино-бела“ комбинација беа тие кои водеа, (25:23), и покрај индивидуалната доминација која ја оствари Кметовска (11.поени и 8.скока) во тој дел од првото полуфинале.

Во вториот период од играта, многу подобра одбрана прикажаа домашните кошаркарки. Го оставија противникот на само шест реализирани поени.

А што е уште поважно, освен Кметовска, двоен број на реализации (по десет), веќе имаа Максимовска и Поп-Димитровска.

Тоа беше евидентирано и низ резултатот.

Во 17.минута, за прв пат на овој натпревар, Баскет кам имаше двоцифрено водство (38:27).

А иста беше предноста на екипата од Македонска Каменица и на полувремето (42:31).

Двоен број на поени на другата страна од теренот оствари Херд – имаше 10.

Во продолжението, домашниот тим успешно ја одржуваше двоцифрената позитива, и на истекот на три четвртини, Баскет кам имаше и повисок плус (59:45).

На почетокот на последниот период, екипата од Македонска Каменица имаше и највиски (61:45).

Но малото опуштање во нивната игра, шред се во дефанзивата, придонесе кошаркарките на МЗТ бела вода да се доближат на едноцифрено заостанување.

Со серија од (9-2), гостинките намалија на (54:61).

За тајм-аут кој го побара тренерот Тони Симиќ, на 06:53 минути пред крајот.

Во екипата на Баскет кам, Кметовска беше двоцифрена во поените – 23, и во скоковите – 21, дополнети со седум успешни додавања. Димова дојде од 14.поени (имаше и пет скока), Поп Димитровска постигна 14 (имаше и десет асистенции и четири скока), а Максимовска уште 12.поени (шест скока и пет асистенции).

Одлични минути имаше Алексова, која заврши со ефект од 21.поен (пет скока и три асистенции), Херд додаде 14.поени (осум скока и четири асистенции), додека Милосављевиќ имаше 13.поени (и шест скока).

 

ПретходноКомо го „шокираше“ Јувентус среде Торино
СледноСе активира прашањето за враќање на СЕХА-лига