Не чека пекол во Данска – “Паркен” е распродаден!

329

Македонската фудбалска репрезентација в четврток на 26 март со почеток во 20:45 часот го игра полуфиналниот меч од бараж дуелите за Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.

НАшито национален тим вчера ја одржа прозивката, а и првиот тренинг. Утре заминува за Данска со пладневен чартер лет. А таму не чека полн стадион.

Според последните информации од Данска кои се објавени предмалку, стадионот Паркен каде што се игра дуелот против Македонија е тотално распродаден.
Поточно, капацитетот од 38.190 е пополнет до последното место.

Мора да се напомене и дека Македонија има 1000 билети од полниот капацитет, кои исто така се распродадени.

„Фалангата“ ќе има сериозна улога в четврток како и на многу наши големи гостувања низ годините.

ПретходноЗидан ги договорил сите услови со Француската федерација
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Н.С. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 5.537.950 ДЕНАРИ