Блеска Мартин Стојанов, блеска Тиквеш. Секако дека да се победи Брера со 6:1 и тоа како не е мала работа, напротив. А на тој меч во Кавадарци напаѓачот на Тиквеш едноставно блескаше. И не само поради двата гола, и не само голот со “ножички“ туку за целиот придонес на Мартин Стојанов за оваа висока победа е играч на колото. Тиквеш е хитот на пролетниот дел. Зимските засилувања и тоа како се погодија, тренерот Христов си ја знае работата, “проработе“ Мартин Стојанов и затоа сега Тиквеш е таму каде што е на табелата.
Покрај Стојанов во тимот на колото се и Д. Тасев (Тиквеш), Силјановски, Дардишта, Велија и Гони (Арсими), Крантове и Попзлатанов (Работнички), Красниќи (Шкендија), Малески и Радески (Струга ТЛ).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАРТИН СТОЈАНОВ
Тим: Тиквеш
Роден: 03.03.1999 во Штип
Кариера: Кит – Го, Брегалница, Септември Софија, Тиквеш















