Полувреме: Силекс убедлив во Кавадарци, Башкими – Брера 0:0!

143
фото: ffm.mk

Завршија првите полувремиња од денешните мечеви од 26.коло во ПМФЛ. Во Кавадарци по првите 45.минути каде играат Тиквеш – Силекс резултатот е 0:2, а во Куманово каде играат Башкими и Брера нема голови.

Силекс доминираше, имаше и шанси, Анѓелески ја погоди стативата во 3.минута. Стрелци за кратовци беа Пиреш во 17. и Алиќ во 41.минута па така тимот на Александар Васоски заслужено замина на пауза со убедливо водство. Тиквеш не беше на своето ниво, сепак имаше две шанси преку Мартин Стојанов и Гуел да постигне барем еден гол.

Во Куманово во еден тврд меч без некоја посебна убавина, Башкими и Брера играат без голови.

ПретходноЛина без проблеми со пласман во 1/8 финалето во Мадрид!
СледноФанови од Македонија патуваа 2000 миљи за да го бодрат Миовски!(ВИДЕО)