Во еден од најинтересните мечеви денеска во 7.коло во ПМФЛ, Струга Трим Лум и гостува на Ренова. Тоа ќе биде дуел меѓу две екипи кои се во горниот дел на табелата и кои што се во добра форма во последно време.
Ова посебно важи за стружани, кои на последните 15 првенствени средби не знаат за пораз.
За тоа што може да се очекува од ова гостување, за Спортмедиа свое размислување има Буњамин Шабани, еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ.
“Не очекува тежок дуел во Тетово. Јас како поранешен играч на Ренова многу добро знам за квалитетите на “гипсарите“. Сепак ние сме Струга Трим Лум, очекувам уште една наша добра партија, очекувам продолжување на добрата серија. Како и секогаш и сега сум оптимист дека можеме да дојдеме до бод(ови) и на овој натпревар“ заврши Шабани.