Љупче Дориев ја продолжи својата извонредна голгетерска низа и во новата сезона од шампионатот на Узбекистан. Денеска, нашиот репрезентативец постигна еден гол во победата на неговиот тим Согдиана од 5:2 над Термез во рамките на 10 коло од тамошното првенство.
За Дориев ова беше веќе 7-ми гол оваа сезона, со што е лидер на листата на најдобри стрелци во првенството на Узбекистан.










