Со одлука од Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, репрезентативците ќе поделат премија од 150.000 евра за првите три меча од квалификациите за СП во Катар 2022.
Познато е дека на средбите со Романија, Лихтенштајн и Германија нашите момци освоја шест бодови и моментално се на втората позиција на табелата во нашата група, веднаш зад Ерменија. Овој успех беше доволен повод, челниците на Фудбалската федерација да го наградат со вкупна премија од 150.000 евра.