Пролет и Пелистер 2 до нови победи во плеј-аутот

41
фото: rkprolet.mk

Попладнево се одиграа два натпревари од плеј-аут зоната во домашниот ракометен шампионат. На мечот во Струга, екипата на Т. Пролет славеше со 29:27, додека на мечот меѓу Радовиш и вториот тим на Пелистер, поуспешни беа гостите со убедливи 38:23.

На дуелот меѓу Струга и Т. Пролет одличен меч одигра Дрпљанин, кој мечот го заврши со 9 гола, додека кај Струга, ненад Костоски заврши со 10 постигнати погодоци.

На пресметката во Радовиш, кај домашните, Ончев заврши со 6 погодоци, додека кај победничкиот состав на Пелистер 2 најефикасни беа Белистојаноски и Марковски со по 7 голови.

ПретходноДелегацијата на ФФМ учествува на 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер
СледноИнфантино дециден: Иран ќе игра на Мундијалот!