Распоред на мечевите од 31.коло: Вардар в сабота може да слави титула!

236

Викендов на програмата се сите шест натпревари од 31.коло во ПМФЛ. Ќе се играат три меча во сабота и три во недела. Инаку познато е дека во сабота на Арената “Тодор Проески“ во Скопје во сабота Вардар може да ја прослави титулата. Имено на три кола до крајот лидерот има 74 бодови или +6 во однос на Шкендија. Па така ако тимот на Гоце Седлоски против Силекс победи, а тетовци не слават дома со Струга ТЛ тогаш Вардар по шест години и официјално ќе ја врати титулата во своите витрини. Може и со реми, но тогаш Шкендија мора да загуби од Струга ТЛ.

Во секој случај шампањското веќе неколку дена се лади во просториите на нашиот најтрофеен клуб. Овие мечеви се играат во сабота од 16 часот, а во истиот термин играат и Пелистер – Шкупи во Битола.

Сите останати натпревари се играат во недела од 16 часот.

ДВОЈКИ ЗА 31.КОЛО

САБОТА (09.06.2026) 16 Ч

Битола: Пелистер – Шкупи

Скопје: Вардар – Силекс

Тетово: Шкендија – Струга ТЛ

НЕДЕЛА (10.05.2026) 16 Ч

Струмица: Брера – Работнички

Скопје: Македонија ЃП – Тиквеш

Гостивар: Арсими – Башкими

Претходно„Зверев е разгалено детиште“
СледноДали е ова изјава на деценијата:“Нема разлика меѓу Роналдо и Радоњиќ!“