На иницијатива на Јонуз: На 6 јуни меч меѓу ветераните на Левадијакос и наши некогашни фудбалери кои играле во Грција и Кипар!

45

На иницијатива на некогашниот селектор и еден од нашите најдобри тренери, Мирсад Јонуз, на 6 јуни на стадионот на Автокоманда во Скопје ќе се одигра интересен пријателски меч.

Имено на гости доаѓаат ветераните на грчки Левадијакос кои ќе ги одмерат силите со тимот на наши интернационалци кои некогаш играле во Левадијакос, како и во други клубови во Грција и Кипар.

Во составот на грчкиот тим ќе бидат Лемонис кој е поранешен тренер на Олимпијакос, потоа Мартинез кој долги години беше капитен на тој тим и други познати некогашни играчи на овој клуб.

За нашиот тим на ветерани ќе настапат, некогашните играчи на Левадијакос, како Мирсад Јонуз, Горан Попов, Влатко Гошев и Неби Мустафи.

За составување на тимот ќе биде задолжен Горан Попов кој ќе упати повик до сите наши некогашни играчи кои играле во тимови од Грција и Кипар, како Благоја Георгиев, Сандро Маневски и многу други.

Од организаторот на овој пријателски меч посебно им се заблгодаруваат на Фудбалската федерација на Македонија и на ФК Скопје за помошта околу организирање на еден ваков умав фудбалскаи настан.

ПретходноГеоргиевски и официјално кариерата ќе ја заврши во РК Вардар!(ФОТО)