Вардар ја слави својата 12-та титула, а Седлоски четвртата!(ФОТО)

206

Готово е. Вардар е првак на Македонија за сезоната 2025/26. Со победата над Струга ТЛ во Струга, Вардар стави печат на својата 12-та титула во самостојна Македонија или вкупно 13-та.

По мечот секако дека имаше и славје кај фудбалерите на Вардар, на новиот шампион на Македонија. Вардар ја враќа титулата во своите витрини по цели шест години, од таа 2019/2020 сезона.

Ова значи дека во последното коло, мечот меѓу Вардар и Шкендија ќе биде ревијален зошто ништо не му значи на резултатски план, сега има +6 бода.

Ова за Гоце Седлоски, стратегот на Вардар е четврта титула во неговата кариера како тренер, трета со нашиот најтрофеен клуб а има и една со Шкупи. Па така може да се каже дека четвртина од титулите на Вардар се на Седлоски во самостојна Македонија, да не заборавиме дека има и две како директор на ФК Вардар, со што го прави еден од најтрофејните или најтрофеен во фудбалска Македонија кога станува збор за ПМФЛ.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноШкендија ја победи Брера, Арсими го изненади Силекс и се избори за директен опстанок
Следно„Комити“: Оваа титула е НАША!