Партизан имаше сè, па едвај победи!

58

Партизан славеше на првиот натпревар од полуфиналето на плејофот на АБА лигата против Црвена Звезда. Дербито во белградската Арена се играше пред 15.000 навивачи, црно-белите кои водеа практично од почетокот до крајот на натпреварот, беа посмирени, попаметни, подобри во шутирањето и заслужено славеа со 100:94.

Сепак, за малку ќе ги чинеше многу повеќе тоа што решија да се опуштат на крајот, Звезда се приближи на -1 во последната минута, но не стигна до целосен пресврт. На 3 и пол минути до крајот, беше +16 за црно-белите.

Со оваа победа, Партизан поведе со 1:0, а да потсетиме, натпреварот се игра на два добиени натпревари.

Вашингтон 23 поени, Браун 16, Џонс 15 беа најдобри кај победникот, на другата страна, Нвора 31 поен, Батлер 18, Изунду 10.

ПретходноРуни: Да бев на местото на Слот нема да му дозволам на Салах да се приближи до стадионот
СледноГРК Охрид го закажа дербито со Пелистер!