Првиот човек на ФФМ најави измени во Дисциплинскиот правилник

168

И натаму број еден тема во јавноста е скандалозната прослава на титулата на ФК Вардар. „Црвено-црните“ пееја непристојна песна во која е вклучена нашатаа музичка икона, Каролина Гочева, а овој срамен чин на социјалните мрежи го сподели извршниот директор, Миленко Неделковски, кој после бројните осуди, во јавноста излезе со ново скандалозно извинување во кое беше вклучена друга припадничка на понежниот пол.

Вчера во емисијата „Директно“ на ТВ Телма, преводена од Младен Чадиковски, гостин беше претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој потенцираше дека за ваков случај во Дисциплинскиот правилник не постои член со кој би можел да се казни клубот, бидејќи истиот е надвор од терените. Најверојатно ФК Вардар ќе биде парично казнет, но за поголема санкција тоа може да го одреди само соопственикот на тимот.

Тој не го оправда чинот на прослава, особено зошто на истиот не е искажана почитта кон жената, но најави дека за следната сезона ќе има дополнување во Дисциплинскиот правилник. Измените ќе се однесуваат на подигнување на нивото на фудбалот, како и спречување на користење на истиот за вакви и слични ситуации.

Омерагиќ потенцира дека оваа сезона сите клубови поеднакво се казнети за сите неспортски дејствија.

Денеска во „куќата на фудбалот“ има седница на Управниот Одбор.

ПретходноКуп финале 2026: Силекс по својот четврти пехар, Шкендија ќе атакува по третиот
СледноСабаленка отворено за животните трагедии: Често се будам во солзи