ГРК Охрид посилен за репрезентативецот на Јапонија, Шуичи Јошида

81

ГРК Охрид не се шегува. Не само што имаше сезонава одлични резултати, туку следната планира да биде уште поуспешна.

Раководството на клубот, со задоволство објави предмалку дека нов играч на тимот е ни помалку ни повеќе туку репрезентативецот на Јапонија, Шуичи Јошида.

Јапонскиот репрезентативен пивот потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (193 cm) и ќе го облече сино-белиот дрес со број 11.
Јошида последните две сезони ги има во францускиот тим на Нант, каде што имаше сериозна улога во ротацијата и голема минутажа.
“Здраво Охрид! Здраво Рибари! Јас сум Шуичи Јошида, јапонски репрезентативен пивот. Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и да ги запознам нашите навивачи! Се гледаме наскоро Охриде!” – изјави Шуичи Јошида.

ПретходноЉупче Иванов со солзи во очите: Ова е КУП освоен за сите генерации од моето семејство
СледноКонго поради епидемијата на ебола, ќе се подготвува за Мундијалот далеку од дома