Вечерва, како што и беше најавено, Скопје беше во боите на Вардар, Скопје беше “црвено – црно“. Фановите на новиот шампион, кој утре ќе биде кртунисан со 12. ѕвездичка, вечерва просто го “запалија“ Скопје. Низ улиците на главниот град, Комитите со голема караван и со сооодветна пиротехника, се загреваа за утрешниот ден.
Навистина убаво е чувството да си фан на Вардар овие денови, да ја прославуваш 12. титула во самостојна Македонија или вкупно 13.
Уште еднаш, утре од 18 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, се игра дербито од последното коло во тековната сезона меѓу Вардар и Шкендија по што новиот шампион ќе го прими и шампионскиот пехар.















