Ќе прави ли Шкендија шпалир: Вардар денеска го добива шампионскиот пехар!

176

Денеска се игра еден од двата први меча од последното 33.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон Арената “Тодор Проески“ во Скопје, каде од 18 часот се игра дербито Вардар – Шкендија. За првпат во историјата на двата клуба, ова ќе биде резултатски неважен меч, со оглед на тоа дека Вардар уште минатиот викенд ја официјализираше 12. титулата, а вечерва ќе биде крунисан. Нашиот најтрофеен клуб ќе го прими пехарот и со тоа и официјално ќе биде прогласен за најдобар за сезонава која викендов завршува.

Како што со денови наназад се известува од страна на раководството на Вардар, се најавува голема прослава, славење до зори, се покануваат навивачите на клубот, како и сите фудбалски фанови да дојдат на Арената и да присуствуваат на овој меч и на ова славје на ФК Вардар.

Инаку после доделувањето на пехарот од страна на ФФМ, славјето и шоуто ќе продолжи во Градски парк кај “Школка“ каде што ќе има посебна забава за сите вардарци.

Тоа е познато, само не е познато дали Шкендија пред почетокот на оваа средба ќе прави шампионски шпалир за својот лут ривал и со тоа ќе му ја честита титулата на Вардар, во манир на голем клуб.

По се она што се случуваше во текот на изминатите денови, навистина ќе биде интересно за каков потег ќе се реши тетовскиот клуб.

ПретходноРекорд на резервите на Оклахома за водство против Спарс (ВИДЕО)
СледноМенаџерот на Гвардиола призна дека преговарал со Ал-Наср