Бобан Николов денеска со гол ја затвори шампионската сезона на Вардар. Новиот шампион славеше убедливо со 3:0 против Шкендија, по што ја започна шампионската прослава.
„Многу тешка сезона, знаеме низ што се поминавме. Колку е потешка, толку е послатка титулата. Покажавме дека ја заслуживме оваа титула. Тоа го покажавме и денеска на терен дека сме прави шампиони. Покажавме како се носи дресот на Вардар. Апсолутно сме заслужени шампиони. Голема благодарност до сите, до Комити кои не пратат и во добро и во лошо. Ова е само почеток, па следуваат и нови успеси. Следната година одиме на двојна круна“, изјави Бобан Николов.















